Дома Фудбал Вардар лесно се справи со Беса

Вардар лесно се справи со Беса

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со одличните игри во пролетниот дел од сезоната, денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ славеа триумф над Беса со 3-1.

Најзаслужен за новите три бода беше искусниот Горан Закариќ, кој со два гола ја предводеше екипата до победата. Закариќ првично го отвори резултатот во самиот финиш на првото полувреме, а потоа во 58. минута постигна нов гол за водство од 2-0.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Беса успеа да намали на 2-1 во 69. минута, но многу брзо, Вардар само две минути подоцна го врати водството од два гола.

Со овој триумф „црвено-црните“ се искачија на шестото место на табелата со 35 бодови, два повеќе од Шкупи кој има еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Ливерпул вакво нешто не му се случило цела деценија!

Поразот од Брајтон го означи десеттиот неуспех на Ливерпул во тековната сезона од Премиер …