Дома Фудбал Вардар ги започна подоготовките во кои ќе одигра пет натпревари со силни противници

Вардар ги започна подоготовките во кои ќе одигра пет натпревари со силни противници

Од редовите на ФК Вардар денеска соопштија дека се започнати подготовките за новата сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По неколку дена во Скопје, Вардар подготовките ќе ги продолжи во Словенија.

„Денеска во тренинг кампот на ФК Вардар, се собра и го одработи првиот тренинг првиот тим на ФК Вардар, по паузата од 20тина дена одмор.
Во деновите што следат играчите ќе направат и медицински прегледи, по што на 13.06. ке отпатуваат во Раденци, Република Словенија, на усовршување на тактиките и постигнување на потребното кондиционо ниво за игра, зададено од стручниот штаб на чело со Гоце Седлоски.
Во текот на подготовките ќе се одиграат и контролни пријателски натпревари со тимови од европските лиги, со цел за повисоки достигнувања во следната сезона“, објавија од таборот на „црвено-црните“.

Првиот тест е закажан на 17 јуни, на 21 јуни следи дуелот со Олимпија Љубљана, потоа на 24 јуни се игра против Рапид Букурешт, а подготовките ќе се заокружат со меч против Марибор на 28 јуни.

Фото: ФК Вардар
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн ја освои „Златната копачка“ по втор пат во својата кариера

Англискиот напаѓач Хари Кејн ја доби европската „Златна копачка“ по втор пат во својата ка…