Искусниот дански фудбалер Кристијан Ериксен е многу блиску до заминување од Манчестер Јунајтед во јануари и преселба во поранешниот англиски шампион Лестер, пренесуваат извори блиски до клубот „Кинг Пауер“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Ериксен со Јунајтед истекува на лето, но веќе извесно време е јасно дека искусниот Данец не е во плановите на перспективниот португалски селектор Рубен Аморим и дека соработката со најдобриот фудбалер на Данска нема да биде обновена.
Тоа го поткрепуваат и се поскромните минути кои ги игра поранешниот играч на Тотенхем, откако последен пат беше на теренот во ремито против Ипсвич на 24 ноември, кога Аморим дебитираше за Јунајтед.