Дома Фудбал Вакво нешто ретко се гледа: Само што го продолжи договорот – заминува!

Вакво нешто ретко се гледа: Само што го продолжи договорот – заминува!

Според известувањата на Џанлука ди Марцио, Рафаеле Паладино поднел оставка од позицијата главен тренер на Фиорентина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Необичен развој на настаните и чудна вест, имајќи на ум дека Паладино само пред неколку недели го продолжи договорот со Виола.

Други извори од Италија ја потврдуваат веста на Ди Марцио, наведувајќи дека клубот е изненаден од оставката и преку преговори се обидува да го убеди Паладино да се предомисли и да остане во клубот до 2027 година.

Во последно време во Италија „паѓаат“ треньерски „глави“ – од Гасперини, преку Ваноли и Барони, па до Контe и конечно до случајот со Паладино.

Фиорентина, под водство на Паладино, ја заврши сезоната во Серија А на шестото место.

Чекаме официјална потврда од клубот.

Фото: AFC Fiorentina/x
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент на Мундијалот за време на минутата молк за жртвите во земјотресот (Видео)

За време на минутата тишина на Светското првенство, навивачите на Шпанија и Уругвај предиз…