Дома Фудбал Ваков подвиг е реткост: Голманот на Баерн во една сезоан може да стане шампион во две првенства1

Ваков подвиг е реткост: Голманот на Баерн во една сезоан може да стане шампион во две првенства1

Голманот на Баерн Минхен Јонас Урбиг во недела го прослави својот прв шампионски наслов во Бундеслигата, а можно е оваа сезона да не биде единствениот негов наслов. Овој 21-годишник треба да се радува и на втор наслов и тоа со второлигашот Келн.

Урбиг, кој стана прв избор на Баерн поради повредата на Мануел Нојер, оваа сезона одигра 10 натпревари за Келн пред во јануари да премине во Баерн. Келн е втор на табелата во Втора лига, еден бод зад водечкиот Хамбург СФ, а преостануваат уште два натпревара до крај.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


“Во добар контакт сум со момците и исклучително би бил среќен ако Келн го освои шампионскиот наслов на Втората лига”, рече Урбиг.

Само двајца играчи претходно го постигнале овој подвиг, Паси Раутинен со Баерн Минхен и Вердер Бремен во сезоната 1980/81 и Франк Хартман во сезоната 1986/87 со Баерн Минхен и Хановер 96.

Фото: FC Bayern München/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета загуби уште една битка – пропадна трансферот од 85 милиони евра за Арсенал

Трансферот на Арсенал не успеа. Така барем тврдат бројни странски медиуми, а на крајот го …