Играчот на полупрофесионалниот англиски нисколигаш Бартон Таун, Џејмс Хичкок (30), бил убиен во напад на железничката станица во Јорк, објавија БиБиСи и клубот на Хичкок. Хичкок бил нападнат околу 20:45 и набрзо починал во болница поради сериозни повреди на главата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Полицијата го приведе 22-годишниот Мекензи Дичико како осомничен за убиството. Зад Хичкок останаа сопругата и неговото дете. Тој играше на позицијата голман, и на клубот кој се натпреварува во Нортхерн Каунтис Ист Лига се приклучи минатото лето од редовите на Бридлингтон Таун.
Неговите соиграчи велат дека бил тивок, но омилен член на соблекувалната. Претседателот на клубот, Марк Грегори, изјави: „Веста за смртта на Џејмс беше тешка да се прифати. Тоа е ужасно. Џејмс беше популарен член на клубот. Сите сме скршени. Ние сме клуб на многу блиски индивидуалци.“