Дома Фудбал Уште една одлична вест за навивачите на Ливерпул – се подготвува нов важен потпис!

Уште една одлична вест за навивачите на Ливерпул – се подготвува нов важен потпис!

Фудбалскиот клуб Ливерпул ја заврши сезоната во Премиер лигата шампионски откако минатиот викенд ја потврдија титулата.

Три кола пред крајот, тимот на Арне Слот е мирен и полека можат да се планираат наредната натпреварувачка година во која сакаат да влезат со значително поголеми амбиции од оваа. Беше јасно дека следи транзициски период, дека ќе има преговори околу нови договори, но резултатите, особено во Премиер лигата, не беа засегнати.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Наводно, Ливерпул ќе биде многу зафатен во текот на летото, а по завршените потписи на Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, и извесното заминување на Трент Александар-Арнолд, се подготвува уште еден и тоа многу важен.

Имено, откако минатото лето имаше шпекулации за можен заминување на Луис Дијаз во Манчестер сити, сега пристигнува информација од “Скај” дека Колумбиецот наскоро ќе седне на преговарачка маса со раководството на клубот и ќе разговара за продолжување на соработката.

Тој минатата недела го одигра својот 100-ти натпревар за Ливерпул во Премиер лигата, а оваа сезона постигна 16 гола во сите натпреварувања.

“Сакам да ја освоиме Лигата на шампионите со Ливерпул”, изјави неодамна Дијаз..

Дијаз во Ливерпул во 2022 година од Порто за 54.000.000 евра, а актуелниот договор му истекува во 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почната постапка за ликвидација на англиски клуб стар 154 години (Фото)

Фудбалскиот клуб Рединг се соочува со налог за ликвидација што го покрена поранешниот дире…