Дома Фудбал Останато УФЦ ја објави првата манифестација за 2026 година, нè очекува спектакл! (Фото)

УФЦ ја објави првата манифестација за 2026 година, нè очекува спектакл! (Фото)

Навикнати сме од УФЦ да често гледаме големи и возбудливи настани, и така ќе биде и на почетокот на 2026 година!

Како што објави првиот човек на најсилната светска MMA промоција, Дејна Вајт, на 24 јануари ќе го гледаме првиот голем УФЦ настан – УФЦ 324!

Тоа ќе биде и првиот настан што ќе се пренесува на платформата „Paramount Plus“, а веќе е познато и кого ќе гледаме во Лас Вегас, бидејќи голем дел од борбената програма веќе е откриен!

Така ќе видиме две борби за шампионски појаси. Во борбата за привремен појас во лесна категорија, Џастин Гејџи ќе се бори против Педи Пимблет, додека Кајла Херисон ќе го брани појасот во бантам дивизијата против Аманда Нуњес.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мекгрегор најави што сака после УФЦ: Уште една борба и слободен сум!

Конор Мекгрегор повторно ја возбуди јавноста на ММА. Поранешниот првак на УФЦ најави дека …