Дома Фудбал УЕФА ја казни Рома!

УЕФА ја казни Рома!

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја казни Рома со делумно затворање на стадионот за натпреварот од плеј-офот на Лига Европа против Порто.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Казната следеше поради однесувањето на навивачите за време на дуелот со Ајнтрахт од Франкфурт, во последното коло од групната фаза на Лига Европа.

Во однос на затворањето на стадионот, два дела од северната трибина на стадионот “Олимпико” ќе бидат затворени за навивачите на дуелот против Порто во осминафиналето на Лига Европа, на 20 февруари.

Тоа не е сѐ, Рома е казнета и со парична казна од 30.000 евра. Казнет е и Ајнтрахт со 25.000 евра поради нереди на навивачите. Германскиот клуб доби забрана за продажба на билети за следниот гостински натпревар. УЕФА парично го казни и Твенте со 35.000 евра исто така поради несоодветно однесување на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …