Дома Фудбал Во Барселона пристигнала понуда каква што никој не очекуваше: Лапорта донел одлука!

Во Барселона пристигнала понуда каква што никој не очекуваше: Лапорта донел одлука!

Ситуацијата околу Френки де Јонг во Барселона сѐ уште е предмет на шпекулации. Холандскиот играч за врска се смета за еден од фудбалерите што Барселона е подготвена да ги продаде, сега се очекуваат конкретни понуди и една таква веќе пристигна.

Како едно од големите засилувања, Де Јонг од Ајакс пристигна во Барселона. Иако често играше и беше важна алка, сепак сега не може да се каже дека е играч без кој Барселона не може да се замисли.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Познато е дека Де Јонг е најплатениот играч на клубот и има огромни примања, па Барса планира да го продаде и на тој начин да ги реши финансиски проблеми и истовремено да го растовари буџетот за плати.

По сезона обележана со повреди и учинок далеку под очекувањата, Барса е подготвена да ги разгледа сите понуди за репрезентативецот на Холандија, а една понуда ги изненадила челниците на каталонскиот тим.

Ливерпул понудил 30 милиони со 15 милиони евра во бонуси, што ги изненади сите. Иако бројката е значителна, далеку е од 80 или 100 милиони што Барса го очекуваше. Сепак, Жоан Лапорта е среќен што Ливерпул покажал интерес, договорот на Де Јонг е со важност до 2026 година.

Се верува дека Ливерпул нема да биде единствениот тим што ќе и се обрати на Барселона за Де Јонг, кој е практично пред излезни врати. Во случај да не си замине во јануари, сигурно е дека на лето ќе ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид поради Перез останува без уште едно големо засилување?

Летово беше тоа Лени Јоро, а сега е – Алфонсо Дејвис. Уште една совршена мета за тим…