Дома Фудбал Tухел ги коментираше гласините дека може да го преземе Манчестер Јунајтед

Tухел ги коментираше гласините дека може да го преземе Манчестер Јунајтед

Тренерот на Челзи, Томас Тухел се огласи по повод шпекулациите дека може да го напушти Челзи после санкциите кои ги доби Абрамович и проблемите кои тие санкции ги донесоа за Челзи.

Веднаш после таквата ситуација се појави информација дека Манчестер Јунајтед може да биде опција за Тухел. Меѓутоа Германецот ги отфрли таквите најави.

„Дали чувствувате дека сум помалку посветен на клбуот? Апсолутно не. Го сакам клубот каде што сум и тоа што го правам за Челзи. Челзи е се што ме прави среќен“, изјави Тухел.

Тухел има договор со Челзи до 2024 година, а неговата иднина сигурно ќе биде појасна кога ќе се заврши продажбата на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…