Дома Фудбал Tретолигашот кој го исфрли Атлетико вреди 200 пати помалку!

Tретолигашот кој го исфрли Атлетико вреди 200 пати помалку!

Леонеса, клуб од втората група во Секунда Б дивизијата или трет ранг во шпанскиот фудбал во 1/16 финалето на купот приреди вистинска сензација.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


После продолженија тие го победија Атлетико Мадрид кој важи за трет најголем клуб во Шпанија. Токму ваквите работи се посебниот сјај на куп натпреварите кога малите клубови ги елиминираат поголемите, но ова е огромно изненадување.

Освен разликата во статусот и силната Леонеса и Атлетико многу се разликуваат и финаинсиски.

Целиот кадар на третолигашот според „Трансфермаркт“ вреди 4.9 милиони евра, а нивните најскапи играчи се проценети на 300.000 евра. Од друга страна според истиот извор Атлетико има вредност од 835 милиони евра, нивни најскапи играчи се Јан Облак и Жоао Феликс со вредност од по 100 милиони евра.

Сепак, парите не победуваат секогаш…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…