Дома Фудбал Tренерот на Ибица по поразот од Барселона: Тоа што ни се случи беше катастрофа

Tренерот на Ибица по поразот од Барселона: Тоа што ни се случи беше катастрофа

Вчера Барселона играше куп натпревар против третолигашот Ибица.

Каталонците до победата дојдоа потешко од очекувањата. Ибица на полувремето водеше со 1:0. Барселона во второто полувреме направи пресврт со двата гола на Гризман. Вториот гол Французинот го постигна во 94. минута од натпреварот.

Тренерот на Ибица, Пабло Алфаро изрази жалење што неговиот тим изгубил на таков начин.

„Горд сум на она што моите играчи го прикажаа. Меѓутоа ова беше катастрофа, изгубивме на суров начин. Сепак, покажавме дека овој тим има душа, невозможно е да барам нешто повеќе. Треба да и честитаме на Барселона и им посакуваме да стигнат далеку во купот“, изјави Алфаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос откри зошто сакал да си оди од ПСЖ: Во Милан конечно имам простор

Португалскиот напаѓач побарал заминување уште во јануари, но ПСЖ го задржал до летото. Во …