Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар не е пожелен во Париз, во Баскија потпишан неверојатен договор, се чека потврда од Баерн

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар не е пожелен во Париз, во Баскија потпишан неверојатен договор, се чека потврда од Баерн

И денес сме тука да следиме се што се случува на трансфер пазарот ширум Европа. Денес, а веројатно и до крајот на преодниот рок или до негов трансфер, ќе преовладуваат вести за Нејмар.

– Нејмар повеќе не е пожелен на „Паркот на Принцовите“.

– Денес е потпишан еден неверојатен договор: Инаки Вилијамс потпиша со Билбао до 2028 година!

– Едисон Кавани е првото големо име во клубот на Бекам! 

– Дали ова се шесте играчи на кои Сари нема да смета? 

– Франк Рибери добил понуда кариерата да ја продолжи во Фиорентина.

– И Тухел го најави трансферот на Нејмар! 

– Maнчестер Јунајтед потврди дека во своите редови го довеле 16 годишниот, Ханибаи Мјерби од Монако за сума од 10 милиони евра.

„Реалност е дека мораме да пронајдеме решение без Нејмар. Не е невозможно тој да замине и да пронајдеме некој нов играч. Немам некои нови вести околу него, но мораме да бидеме реални и да кажаме дека ништо не е готово. Постојат работи помеѓу Нејмар, ПСЖ и друг клуб“, изјави Тухел.

– Зидан го смени мислењето и ќе смета на Бејл и Хамес.

– Шпанските медиуми објавија дека Барса наводно ја одредила цената за Ракитиќ – 55 милиони евра.

– Хамес Родригез повеќе не е мета на Атлетико нова идеја од 60 милиони евра за Атлетико е Родриго.

– Во Германија започнаа да објавуваат дека Иван Перишиќ пристигнал во Минхен, се чека официјална потврда од Баерн.

– Фенербахче преговара и чека позитивен одговор за Александар Коларов.

– Веќе неколку дена се пишува дека Сергеј Милинковиќ Савиќ е мета на Интер. Ако овој план не успее „план Б“ на „нероаѕурите“ е Иван Ракитиќ.

– Холандските медиуми пренесуваат дека завршен е трансферот на Ирвинг Лозано од ПСВ во Наполи. Последната препрека биле имиџ правата, но сега наводно се е договорено.

– Висам Бен Једер не тренира со Севиља овој фудбалер подолго време се поврзува со трансфер во Монако.

– Интер и понатаму се обидува да се ослободи од Жоао Марио, но клуб со адекватна понуда за овој фудбалер се уште не се појавил. Во медиумите се шпекулира за Лајпциг, Леверкузен и Спортинг.

– Сами Кедира наводно го убедил Сари да остане во Торино, па сега Јувентус би можел да го напушти Емре Чан.

– Бруно Фернандеш кој требаше да се пресели во Премиер лигата би можел да заврши во Милан. Бобан и Малдини наводно веќе ги воспоставиле контактите со агентот на фудбалерот.

– Фотографија од Перишиќ на лекарските прегледи во Минхен.

БОМБА! АДВОКАТОТ КОЈ ЈА ИСПЛАТИ КЛАЗУЛАТА НА НЕЈМАР ВО 2017 Е „УЛОВЕН“ КАКО ВЛЕГУВА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА БАРСЕЛОНА!

– Маријано Диаз кои и дефинитивно не е во плановите на Зидан за наредната сезона е пред трансфер или позајмица во Бетис.

– Ајакс сигурно нема да го пушти Дони Ван Де Бек во Реал пред завршувањето на квалификациите за Лигата на шампионите.

– ПСЖ е спремен да му понуди на Дибала 12 милиони евра по сезона!

– Ако Родриго заврши во Атлетико Мадрид, Валенсија ќе тргне по Флоријан Тован. Тован се проценува на околу 35 милиони евра.

– И еве по мала пауза нови вести за Нејмар. Дел од шпанските медиуми започнаа да објавуваат дека трансферот во Барселона е блиску до реализација и дека официјализирање може да имаме во наредните неколку дена.

17:03…

БИДЕТЕ СО НАС СЛЕДУВААТ НОВИ ИНФОРМАЦИИ!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…