Дома Топ вести И Тухел го најави трансферот на Нејмар

И Тухел го најави трансферот на Нејмар

Се појасно станува дека Нејмар нема да го гледаме повеќе во дресот на ПСЖ, а сега такво сценарио најави и стратегот на францускиот клуб, Томас Тухел.

„Л’Eкип“ објави дека ПСЖ се согласил Фелипе Кутињо да биде вклучен во трансферот на Нејмар, но место 100 милиони евра од Барселона бараа понудата да ја зголеми на 140 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И навивачите на ПСЖ во вчерашниот натпревар против Ним за кој Нејмар не беше во составот му порачаа дека не е пожелен во клубот.

После вчерашниот натпревар и Томас Тухел беше реален и изјави дека не е невозможно Нејмар да си замине.

„Реалност е дека мораме да пронајдеме решение без Нејмар. Не е невозможно тој да замине и да пронајдеме некој нов играч. Немам некои нови вести околу него, но мораме да бидеме реални и да кажаме дека ништо не е готово. Постојат работи помеѓу Нејмар, ПСЖ и друг клуб“, изјави Тухел.

Тој „друг“ клуб многу веројатно е еден од шпанските гиганти, Барселона или Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…