Дома Фудбал Тухел го елиминираше премиерлигашот, Светското првенство може да го гледа само на ТВ: „Во шок сум“

Тухел го елиминираше премиерлигашот, Светското првенство може да го гледа само на ТВ: „Во шок сум“

Германскиот тренер Томас Тухел во петокот наутро ќе ги именува своите 26 играчи за Светското првенство во Северна Америка, а телефонските повици до играчите ги започна ден порано.

На списокот нема неколку ѕвезди, а еден од нив веднаш јавно се огласи.

Хари Мегваер и Фикајо Томори нема да патуваат на Светското првенство во Северна Америка, иако беа во претходните планови на Тухел и беа дел од тимот за пријателските натпревари против Јапонија и Уругвај.

Одлуката особено тешко му падна на Мегваер, кој јавно се огласи на Инстаграм, истакнувајќи дека е „шокиран и разочаран“ затоа што верувал дека може да има важна улога по сезоната во која се чувствувал подготвен и корисен за репрезентацијата.

“Бев убеден дека ова лето можев да имам важна улога за својата земја по сезоната што ја имав. Одлуката ме шокираше и изненадува. Им посакувам на играчите се најдобро.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Соиграчот на Халанд воодушевен: Пронајдовме вистински бисер!

Ерлинг Халанд изрази огромното задоволство од Ајуб Буади (18), едно од најголемите таленти…