Дома Моторспорт Трето место за Иџе на трката во Вила Реал во рамки на европскиот шампионат

Трето место за Иџе на трката во Вила Реал во рамки на европскиот шампионат

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, на трката во Вила Реал, Португалија, во рамките на европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ), освои четврто и трето место.

Стефановски, првата трка ја заврши на четвртата позиција, а втората на третото место. Третото место, во првата трка, македонскиот автомобилист го загуби во претпоследниот круг, кога во борба за позиција, имаше контакт помеѓу Иџе и Хозе Родригез.

Втората трка пак беше прекината по извозени шест од предвидените 13 круга, бидејќи во еден инцидент беше оштетена заштитната ограда. Бидејќи втората трка заврши пред време возачите ќе добијат само половина од предвидените бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Штип УГД без освоен сет во Холандија, европската шанса сега ја брани дома

Македонскиот одбојкарски првак загуби со 0-3 кај Орион старс на стартот од квалификациите …