Дома Останати Трагедија во Русија, загинаа 10 млади гимнастичари

Трагедија во Русија, загинаа 10 млади гимнастичари

Нецели две недели по авионската несреќа во која загина речиси целиот тим на фудбалскиот клуб Шапикоенсе, нова трагедија го потресе спортскиот свет.

Десет млади руски гимнастичари од Нефтејуганск ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа која се случи во западен Сибир.

Несреќата се случила на автопатот помеѓу градовите Тумен и Ханти Мансиск кога по силниот ветер и снег дошло до судар помеѓу автобусот кој ги превезувал младите гимнастичари и камион. Во сударот учествувале и два автомобила.

Сите загинати гимнастичари биле на возраст помеѓу 12 и 14 години.

Според руските медиуми полицијата веднаш го уапсила организаторот на патувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…