Дома Боречки спортови Трагедија: Поранешен УФЦ-борец пронајден починат во затвор

Трагедија: Поранешен УФЦ-борец пронајден починат во затвор

Поранешната ѕвезда на УФЦ беше пронајдена почината во затвор на Флорида на 38 години, пренесуваат светските медиуми. Станува збор за Бразилецот Годофредо Пепи, кој беше обвинет во јуни за семејно насилство над неговата сопруга Самара Мело.

Според судските документи, Пепи беше обвинет за киднапирање, семејно насилство со душење, попречување на сведок и физички напад на сопругата Самара. Кастро, како што му е вистинското презиме, чекаше судење за повеќе обвиненија, но почина во ќелијата.

Адвокатот на сопругата Самара објави соопштение.

– Смрт на лице кое се наоѓа во притвор е сериозна работа. Постојат процедури кои мораат да ги почитуваат американските власти, а сите информации ќе бидат објавени исклучиво од тие органи. До тогаш, молам за почитување на семејството, на неговата сопруга Самара, и да се избегнуваат злонамерни коментари и претпоставки, за да не предизвикаат дополнителна болка – порача адвокатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Сичаја пред клучна пресметка во Подгорица: Победа го доближува до појасот

Томислав Сичаја ќе се соочи со непоразениот Андрија Станковиќ на ФНЦ 35, во дуел што треба…