Дома Македонски спорт Мак ракомет Toто: Не чека важен меч, клучна ќе биде одбраната

Toто: Не чека важен меч, клучна ќе биде одбраната

Пред Вардар е нов предизвик во Лигата на шампионите и на гости кај ППД Загреб црвно-црните ќе се обидат да ја прекинат серијата од три порази во низа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вардар во првите девет кола освои пет бода, Загреб има бод помалку и се наоѓа на седмата позиција, Вардар е шести. Еден од најважните играчи на Вардар оваа сезона, Французинот Жереми Тото истакна дека ако Вардар игра како против Кил позитивен резултат е можен.

„Нашите очекувања за овој дуел се да бидеме силни како и против Кил. Во тој натпревар покажавме добро лице иако изгубивме. Сега сме фокусирани на овој натпревар. Гледавме видео-анализи и верувам дека сме спремни. Не чека многу важен натпревар, а клучот ќе биде во одбраната“, изјави Тото.

Натпреварот помеѓу Загреб и Вардар се игра утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…