Дома Македонски спорт Мак баскет Toдоров заминува, кошаркарите добиваат нов селектор!

Toдоров заминува, кошаркарите добиваат нов селектор!

Кошаркарската федерација на Македонија објави дека нашата најдобра репрезентација ќе добие нов селектор.

Тодоров имаше договор со КФСМ до крајот на квалификаиците за ЕП 2021, а откако не успеа да се пласира ќе има промена на клупата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од федерацијата објавија дека во понеделник на прес-конференција ќе биде промовиран новиот селектор.

„Кошаркарската федерација ве повикува на прес-конференција која ќе се реализира на 19. април (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ во Скопје. На прес-конференцијата ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација“, стои во соопштението на Федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …