Дома Фудбал Тоти: Сега е вистинско време Анчелоти да се врати во Серија А

Тоти: Сега е вистинско време Анчелоти да се врати во Серија А

Фудбалската икона на Рома, Франческо Тоти, изрази уверување дека Карло Анчелоти би бил идеален кандидат за тренерската позиција во клубот од италијанската престолнина. Според Тоти, токму искуството, харизмата и длабоката поврзаност на Анчелоти со Рома го прават природен избор за оваа улога.

Сè уште е неизвесна иднината на Анчелоти во Реал Мадрид, а медиумските шпекулации сè почесто наведуваат дека постои сериозна можност да се раздели со „кралскиот клуб“ по завршувањето на актуелната сезона.

Иако Анчелоти има блескава тренерска кариера и освоени трофеи со неколку големи европски клубови, досега никогаш не го водел тимот на Рома.

Фото: Real Madrid/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Питер Стори, еден од хероите на двојната круна на Арсенал

Поранешниот англиски репрезентативец почина на 81 година. За Арсенал одигра 501 натпревар …