Дома Фудбал Тоти не му верува на Гасперини: На Рома ѝ треба тренер со авторитет и силен карактер

Тоти не му верува на Гасперини: На Рома ѝ треба тренер со авторитет и силен карактер

Легендарниот фудбалер на Рома, поранешниот капитен на тимот, Франческо Тоти, изјави дека сѐ уште треба да се има трпение кога станува збор за доаѓањето на Џан Пјеро Гасперини на клупата на Рома.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вели дека за новиот тренер на Рома е потребен авторитет и голема личност.

„За тренер на Рома е потребна силна личност. Не знам дали да му верувам или не, ајде да го оцениме. Не можам сега да пресудам”, изјави тој.

Пред само неколку недели, Тоти зборуваше за своите желби за тренер на Рома и спомна Конте, Де Зерби или Анчелоти.

Пред само неколку дена Тоти играше на хуманитарен натпревар во Парма каде што постигна гол од центарот.

Имаше едно интересно прашање, дали би бил Тоти денес меѓу најдобрите 20 играчи во светот.

„Би бил меѓу најдобрите три. Искрено, во моментот не гледам ниту еден активен играч во Европа кој е подобар од најдобриот Тоти”, изјави тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Франција: Навивачите на Нант упаднаа на терен, легендарниот Ваха тргна кон нив (Видео)

Во последниот натпревар од француската Лига 1 помеѓу Нант и Тулуз се случи голем инцидент …