Дома Фудбал Toтенхем бесплатно доведува фудбалер на Баерн од 38 милиони евра?

Toтенхем бесплатно доведува фудбалер на Баерн од 38 милиони евра?

Тотенхем си обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона по освојувањето на Лига Европа, што значи дека тимот мора да се засили. На врвот од нивната листа на желби се наоѓа крилниот напаѓач Лерој Сане (29), кому му истекува договорот со Баерн на крајот на јуни, според британските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Постојат можности германскиот играч да пристигне во англискиот клуб без трансфер сума. Сепак, овој потег е условен со неуспехот на преговорите меѓу Сане и Баерн околу продолжувањето на договорот. Разидувањата произлегуваат од различни ставови околу годишната плата, односно фиксираниот износ на плата и додатоците и бонусите.

Лерој Сане ја започна својата кариера во Шалке, а во летото 2016 година премина во Манчестер Сити. По четири сезони во Англија, се врати во Германија и во јули 2020 го потпиша договорот со Баерн, кој за него плати 49 милиони евра. Оваа сезона забележа 13 гола и шест асистенции во сите натпреварувања. Според Transfermarkt, вредноста на Сане изнесува 38 милиони евра.

Фото: Bayern Munich/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…