
Фенербахче и Един Џеко полека ја завршуваат соработката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Репрезентативецот на БиХ има договор до крајот на оваа сезона и по тоа ќе бара нов клуб, како што јавија турските медиуми.
Сè поизвесно е кој ќе биде негова замена.
Како што јави турската телевизија “А спорт”, на местото на Един Џеко може да дојде Томас Милер, ветеранот кој ја завршува својата епизода со Баерн од Минхен.
Џеко оваа сезона постигна дури 19 голови, импресивно за играч кој има 40 години.
Се најавува дека има понуди од Италија, особено се споменува Фиорентина, но останува да почекаме летото кога ќе ја донесе неговата одлука.
Фото: FC Bayern München