Дома Останати Тенис „Тоа што го направивме за Ѓоковиќ пред неколку години, сега ќе го направиме за Синер“

„Тоа што го направивме за Ѓоковиќ пред неколку години, сега ќе го направиме за Синер“

Враќањето на Јаник Синер на теренот е уште многу далеку, околу 2,5 месеци, но во Италија тоа секогаш е една од темите на денот. На најдобриот тенисер во светот му истекува суспензијата на почетокот на мај, а првиот турнир на кој ќе настапи ќе биде мастерсот во Рим.

– Подготвуваме тврдина за него на Форумот Италикум – вели Клаудио Бинаги, претседател на Италијанската тениска федерација и го споредува со вестерните, а неговите зборови ги пренесува „Тутоспорт“. – Како Форт Апачи. Тоа ќе биде место каде што ќе може на мир да се подготвува за натпреварите, да се опушти и да троши помалку енергија. Ќе му овозможиме простор само за него, бидејќи веруваме дека ќе му биде неопходно. Така направивме и со Новак Ѓоковиќ пред неколку години.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Бинаги вели дека светскиот број 1 повеќе не може да живее во татковината.

– Кога Јаник е во Италија, го запираат на секој чекор. Навивачите бараат фотографии и автограми, а тој нема мир од нив.

Во Италија имаат големи планови за нивниот најголем турнир.

– Ќе го прошириме стадионот, целта е да имаме повеќе од 400 илјади посетители.

Тоа не е единствената вест за број 1. Наводно, веќе избрал тренер кој на крајот од годината ќе го замени Дарен Кејхил кој веќе го најави своето заминување.

– Јас сум 90 отсто сигурен дека Јаник веќе го избрал – вели Паоло Бертолучи, поранешен италијански ас, во разговор со Адриано Паната, победник на Ролан Гарос во 1976 година, во еден подкаст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Срамен птоег на Швјонтек – со сета сила удри кон собирач на топчиња (Видео)

Ига Швјонтек е позната како лоша губитничка, како некој што не знае секогаш спортски да се…