Дома Топ вести TOП 10: Импресивна листа! – Овие фудбалери на лето остануваат БЕЗ договор!

TOП 10: Импресивна листа! – Овие фудбалери на лето остануваат БЕЗ договор!

chez

Зимскиот преоден рок е последна прилика за многу фудбалери да пронајдат тим каде што ќе имаат шанса со своите настапи да се изборат за место на Мундијалот во Русија.

Реномираниот фудбалски портал „Transfermarkt“ истакна список на фудбалери на кои моменталниот договор им истекува на лето, па поради тоа веќе оваа зима можат да направат трансфер за мала сума во нов клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


1. Алексис Санчез

29 годишниот Чилеанец се проценува на вредност од 65 милиони евра, но може наредното лето да замине бесплатно. За неговите услуги заинтересирани се Манчестер Сити, Јувентус и Баерн Минхен.

2. Месут Озил

29 годишниот репрезнтативец на Германија, плејмејкер на Арсенал би можел да замине, а за неговите услуги се заинтересирани Манчестер Јунајтед и Барселона, неговата вредност според „Transfermarkt“ изнесува 50 милиони евра.

3. Леон Горецка

22 годишниот талентиран фудбалер на Шалке кој според „Transfermarkt“ вреди 40 милиони евра одби да потпише нов договор со Шалке и изгледа дека тој наскоро би можел да стане нов фудбалер на Баерн Минхен. Гигантот од Минхен покажа најголем интерес за овој млад фудбалер, интерес за него покажаа Ливерпул и ПСЖ.

4. Стефан Де Вриј

25 годишниот дефанзивец на Лацио според „Transfermarkt“ вреди 35 милиони евра и би можел да го напушти Рим по навистина ниска цена. Наводно веќе интерес за него покажале Јувентус и Милан.

5. Андер Херера

За 28 годишниот фудбалер од средината на Манчестер Јунајтед  се заинтересирани повеќе клубови, помеѓу кои и Барселона, според „Transfermarkt“ неговата вредност изнесува 30 милиони евра, но медиумите во Англија пишуваат дека тој сепак би можел да остане во Јунајтед.

6. Хуан Мата

29 годишниот фудбалер од средината на Манчестер Јунајтед кој пред неколку години пристигна од Челзи сега наводно би можел да се заменат со клубовите со Месут Озил. Овие двајца се релативно слични фудбалери, а вредноста на Мата на пазарот изнесува 20 милиони евра.

7. Рос Баркли

Англиските медиуми пишуваат дека 24 годишниот Рос е на излезни врати од Евертон веќе некое време, а негова следна дестинација би можела да биде Русија, односно Зенит. Според медиумите токму Ценк Тосун од Бешикташ е доведен како негова замена.

8. Емре Чан

23 годишниот репрезентативец на Германија наводно веќе ги договорил условите со Јувентус и според информациите Јувентус би понудил помеѓу 5 и 10 милиони евра веќе во јануари, а доколку оваа понуда Ливерпул ја одбие Германецот би пристигнал на лето бесплатно.

9. Дејли Блинд

27 годишниот репрезентативец на Германија не е баш миленик на Жозе Мурињо. Оваа сезона за Манчестер Јунајтед одигра само 400 миинути во Премиер лигата. Тој е исто така еден од оние кои сигурно би можеле да го напуштат клубот, а нова дестинација би можела да биде Ла Лига.

10. Кеп Аризабалага

23 годишниот голман на Атлетик Билано според сите информации се договорил со Реал Мадрид кој е спремен да даде 20 милиони евра за да го забрза трансферот и да не чека до лето.

Останати фудбалери…

На оваа листа исто така се наоѓаат и Лук Шо (Манчестер Јунајтед), Фернандињо (Манчестер Сити), Макс Мејер (Шалке), Вилшер (Арсенал), Кабаје (Кристал Палас), Бернард (Шахтјор), Милан Бадељ (Фиорентина), Мутињо (Монако), Асамоа (Јувентус), Озјакуп (Бешикташ), Фелаини (Манчестер Јунајтед), Казорла (Арсенал), Карлос Вела (Сосиедад), Бен Арфа (ПСЖ), Миранда (Интер), Робен (Баерн), Хуанфран (Атлетико), Јаја Туре (Манчестер Сити)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Марсијал

Јувентус се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиј…