Дома Фудбал Репрезентации Toпката со која ќе се игра Европското првенство во Германија ќе донесе револуција во фудбалот

Toпката со која ќе се игра Европското првенство во Германија ќе донесе револуција во фудбалот

Потрагата на УЕФА по совршената фудбалска топка ќе продолжи на Европското првенство во Германија (14 јуни – 14 јули 2024 година), каде ќе се играат натпревари со ново технолошко чудо.

Микрочип вграден во топките ќе помогне да се одлучи дали фудбалерите играле со раце пред голот и дали биле во офсајд.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Производителот на топката има вградено во него технологија која ќе го снима секое движење на топката и ќе помогне во донесувањето на ВАР одлуките. Сè би требало да функционира така што микрочипот во топката ќе работи во комбинација со технологија која ќе ги следи екстремитетите на играчот, а потоа ќе создаде 3Д слика што ќе создаде слика за ВАР и ќе ја означи точната точка на контакт помеѓу топката и телото на играчот.

Доколку се работи за рака, конечната одлука ќе ја донесе судијата кој ќе одлучи дали имало намера играње со рака или не. На сличен начин ќе може попрецизно да се одреди позицијата на играчите во ситуациите за офсајд.

Топката ќе го запише точниот момент на допирот со телото на играчот кога ќе биде испратена напред, а потоа ќе биде полесно да се одредат позициите на другите играчи во полето во сомнителен момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…