Дома Фудбал Останато Toнали ќе добие ригорозна казна како пример за останатите?

Toнали ќе добие ригорозна казна како пример за останатите?

Медиумите во Италија на големо пишуваат за скандалот со обложување, а еден од фудбалерите кој е во центарот на вниманието е Сандро Тонали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екс-фудбалерот на Милан, а сегашен на Њукасл може да добие долга суспензија, доколку се обложувал на натпревари на Милан за што постои сомневање.

Тонали неделава ќе разговара со обвинителот при Фудбалската федерација на Италија и се најавува дека фудбалерот од средниот ред ќе соработува и ќе го признае делото со цел да добие што е можно помала казна.

Клучно ќе биде и дали Тонали ја кажува вистината, односно дали исказот кој го дал во полиција ќе се поклопи со исходот на вештачњето на неговиот телефон и табелт.

Најважната ставка секако ќе биде дали Тонали се обложувал на натпревари на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скалони реагира на обвинувањата дека Аргентинците биле фаворизирани од судиите

По пласманот во полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација повторно…