Дома Фудбал Репрезентации Toмас Милер најави повлекување од репрезентацијата на Германија

Toмас Милер најави повлекување од репрезентацијата на Германија

После 122 натпревари за Германија и 44 постигнати гола Томас Милер најави пензија од репрезентацијата после вчерашната елиминација на Германија во групната фаза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германија ја победи Костарика, но Јапонија славеше над Шпанија и така заврши турнирот за Германците. По натпреварот Милер најави повлекување од репрезентацијата.

„Ако ова беше мојот последен натпревар, ми беше посебна чест и задоволство. Се што направив, беше со срце и љубов за овој дрес. Поминав неверојатни моменти, го оставив срцето на терен“, изјави Милер.

Во кариерата во репрезентацијата Милер во 2014 година стана светски шампион со Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Во Мадрид никогаш нема да му го простат ова: Еве што направи Јамал за време на големата прослава на Барса

Ламине Јамал повторно успеа да предизвика врева во Шпанија, овојпат за време на големото с…