
Тиквеш официјално го претстави новиот шеф на стручниот штаб, а довербата за предводење на кавадаречкиот прволигаш му е дадена на Оливер Богатинов.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за Словенец со македонско потекло кој долго време живее во Словенија и речиси цела своја кариера ја помина во оваа зема. Последниот ангажман пред Тиквеш го имаше во Горица која се натпреварува во Втората словенечка лига. Претходно Богатинов беше на кормилото на неколку познати словенечки клубови, меѓу кои Копер, Радомље, Алуминиј, Мура и Олимпија.
Покрај тренерските ангажмани, во својата кариера извршуваше и функција спортски директор во Марибор, еден од најтрофејните клубови во Словенија.
Интересно е што единственото негово интернационално искуство надвор од словенечкиот фудбал го имаше во Саудиска Арабија, каде што работеше во младинската академија во на Ал Хилал во 2015 година, клуб кој денес важи за еден од најмоќните во азискиот фудбал.