Дома Фудбал Италија Teнзии во Јувентус: Влаховиќ се развика на Алегри – ќе биде казнет 🎥

Teнзии во Јувентус: Влаховиќ се развика на Алегри – ќе биде казнет 🎥

Душан Влаховиќ заработи исклучување против Џенова. Во натпреварот кој заврши без голови српскиот напаѓач ги загуби нервите во финишот и доби два жолти картони во 30 секунди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напуштајќи го теренот, Влаховиќ му дофрли нешто на тренерот Масимилијано Алегри, а според италијанските медиуми и врз основа на зборовите на самиот прв тренер на Јувентус, вториот стрелец во Серија А ќе биде казнет.

„За жал, погреши и ќе биде казнет од клубот. Не сум разговарал со него“, кратко прокоментира Алегри на прашањето од новинарите по натпреварот.

Останува да видиме каква ќе биде казната, но и каков ќе биде односот меѓу Влаховиќ и Алегри…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Даниел Малдини повторно го смени клубот во Серија “А”

Калјари официјално го објавија доаѓањето на офанзивниот играч за врска Даниел Малдини, кој…