
За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалскиот репрезентативец Рубен Невес ја откри новата тетоважа на левата нога во чест на својот трагично починат пријател и поранешен соиграч Диого Жота.
Тетоважата го прикажува Невес како го гушка Жота во неговиот дрес со натписот „Диого Ж.“ и бројот 21, кој отсега токму Невес ќе го носи во дресот на Португалија.
Да потсетиме, Жота загина заедно со својот брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија на 3 јули.