Дома Фудбал Тео Ернандез се извини јавно: Чуствувам големо разочарување

Тео Ернандез се извини јавно: Чуствувам големо разочарување

Синоќа Милан беше елиминиран во Лигата на шампиони од Феенорд, а Тео Хернандес беше означен како главниот виновник за тоа.

Клучен потег на дефанзивецот на „росонерите“ беше кога заработи исклучување во второто полувреме во обид да изнуди пенал.

Во тој момент Милан имаше водство и го контролираше натпреварот, па тоа излезе како клучен момент.

„Фудбалот е непредвидлив. Тој ни нуди голема радост, но и болни моменти. Чувствувам големо разочарување. Им се извинувам на моите соиграчи што ги оставив десеттмина на теренот. Им се извинувам на нашите навивачи кои секогаш не поддржуваат. Но, овој клуб се семејство и заедно ќе се опоравиме. Ќе останеме сите заедно, почнувајќи од мене“, јавно се извини Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станојевиќ по четврти пат во Партизан, Петровиќ со силна порака за Илиќ

Александар Станојевиќ го наследува Саша Илиќ, а спортскиот директор Радосав Петровиќ порач…