Дома Тенис Тенисерката Квитова нападната со нож!

Тенисерката Квитова нападната со нож!

Чешката тенисерка и двократна освојувачка на Вимблдон, Петра Квитова синоќа била нападната со нож во нејзиниот дом, пренесоа светските медиуми.

Според првичните информации, Квитова не е во животна опасност и има повреда на левата рака, а нападот се случил во нејзиниот дом во чешкиот град Простејов.

Портпаролот на тенисерката, Карел Тејкал, потврди дека непозната личност влегла во домот на тенисерката и со ладно оружје ја нападнал Чехинката.

Тејкал вели дека тоа било криминален чин и испрати молба до медиумите да не се шпекулира околу причините за нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Човекот од тимот на Надал ја презема Шпанија: Марк Лопез го наследува Ферер

Марк Лопез треба да ја преземе шпанската Дејвис куп репрезентација од 1 јануари, а неговио…