Андре Онан повторно беше еден од главните виновици што Манчестер Јунајтед не победи и ремизираше против Галатасарај со 3:3.
Камерунецот практично подари два гола на Галатасарај, двата по слободниот удар на Хаким Зијеш, но Ерик тен Хаг уште еднаш истакнува дека и победите и поразите се тимски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Андре Онана е добро. Како што реков, никогаш не се работи за поединци. Се разбира, индивидуалните грешки можат да направат разлика во фудбалот и има одговорност за тоа, но ние секогаш гледаме да поправиме се што можеме како тим”, изјави Тен. Хаг.
На Јунајтед му треба чудо за да се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите, да го победи Баерн и да се надева на реми меѓу Копенхаген и Галатасарај.
Во сабота од 21 часот избраниците на Тен Хаг гостуваат кај Њукасл.