Дома Фудбал Англија Teн Хаг полн со пофалби: Мегваер доминираше!

Teн Хаг полн со пофалби: Мегваер доминираше!

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг беше задоволен од изданието на своите фудбалери по тесната победа против Копенхаген од 1:0.

Јунајтед минимално го совлада данскиот претставник, а херој беше Хари Мегваер кој го постигна победничкиот гол во 72. минута, како и голманот Андре Онана кој одбрани пенал во седмата минута од судиското продолжение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ се во голема криза, а овој триумф кој беше прв сезонава во елитното натпреварување ги остави во игра за место во нокаут фазата.

„Полако ја пронаоѓаме формата сезонава. Мегваер одиграм многу добар натпревар, доминираше на теренот. Поради тоа беше награден, неговиот удар со глава е вештина, одлично заврши“, изјави холандскиот стратег.

Зборуваше и за Онана кој исто така претходно добиваше критики.

„Онана покажа карактер. Знае дека неговите натпревари од претходно не беа во склад со неговиот квалитет. Знаевме дека може подобро и тоа го покажа“, додаде Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…