Дома Фудбал Италија Teнзии во Јувентус: Влаховиќ се развика на Алегри – ќе биде казнет 🎥

Teнзии во Јувентус: Влаховиќ се развика на Алегри – ќе биде казнет 🎥

Душан Влаховиќ заработи исклучување против Џенова. Во натпреварот кој заврши без голови српскиот напаѓач ги загуби нервите во финишот и доби два жолти картони во 30 секунди.

Напуштајќи го теренот, Влаховиќ му дофрли нешто на тренерот Масимилијано Алегри, а според италијанските медиуми и врз основа на зборовите на самиот прв тренер на Јувентус, вториот стрелец во Серија А ќе биде казнет.

„За жал, погреши и ќе биде казнет од клубот. Не сум разговарал со него“, кратко прокоментира Алегри на прашањето од новинарите по натпреварот.

Останува да видиме каква ќе биде казната, но и каков ќе биде односот меѓу Влаховиќ и Алегри…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп со мала „боцка“ до Чави пред дуелот Германија – Холандија

Јирген Клоп со интересна изјава привлече внимание во пресрет на дуелот меѓу Германија и Хо…