Тотенхем на почетокот на следната година ќе се најде во проблем. Клубот од Лондон едноставно нема вистинска замена за капитенот Сон кој ќе биде отсутен повеќе од еден месец.
Одличниот напаѓач би требало да ја предводи Јужна Кореја на шампионатот на Азија кој ќе се одржи од 12-ти до 10-ти февруари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што сега стојат работите Сон ќе игра против Бормут на првиот ден од Новата година, а потоа би требало да отпатува во Абу Даби и да се придружи на националниот тим.
Во зависност колку далеку ќе стигне Јужна Кореја, Сон може да не биде во комбинација за натпреварите против Манчестер Јунајтед, Брентфорд, Евертон и Брајтон.
Сезонава Сон постигна десет голови и додаде четири асистенции и секако дека е еден од најзаслужните што Тотенхем се наоѓа на петтото место во Премиер лигата.