Баерн Минхен во наредните неколку месеци ќе мора да игра без одличниот стопер Николас Суле.
Стоперот на репрезентацијата на Германија и Баерн го повреди предниот лигамент на левото колено во текот на гостинскиот натпревар против Аугусбург (2:2).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Клупскиот доктор Ханс-Вихлем Милер најави дека Суле ќе мора да оди на операција и ќе биде надвор од тимот барем неколку месеци.
Поранешниот играч на Хофенхајм беше стандарден оваа сезона и одигра осум натпревари во Бундес лигата и два во Лигата на шампионите, а во првите 11 на Баерн би требало да го менува Жером Боатенг или по потреба Лукас Ернандез кој може да игра како лев бек и стопер.
Повредата на Суле доаѓа во многу лош момент бидејќи Баерн го очекуваат четири натпревари во десетина дена.