Дома Останати Тенис Teнискиот експерт најавува: Наредната година Ѓоковиќ ќе биде симнат од тронот!

Teнискиот експерт најавува: Наредната година Ѓоковиќ ќе биде симнат од тронот!

Познатиот тениски експерт кој ги анализира случувањата, Патрик Муратоглу ја изненади јавноста со својата најава дека Новак Ѓоковиќ повеќе нема да биде на врвот и следната сезона ќе биде сезона на Италијанецот Јаник Синер.

Ѓоковиќ зад себе има фантастична година во која издоминира и играше во четири грен-слем финалиња победувајќи на три од нив. Во финишот од сезоната Синер успеа двапати да го победи, еднаш на завршниот мастерс каде што сепак Ѓоковиќ му „врати“ во финалето и на Дејвис Купот кој Италија го освои.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Муратоглу вели дека тие два меча во кои Синер го победил Ѓоковиќ му дале чувство дека Италијанецот може секаде да се надигрува со најдобриот во светот во овој момент.

„Втората половина од 2023 година ми даде чувство дека Синер може Ѓоковиќ да го победи секаде. Ме потсети на 2011 година и што таа значеше за Ѓоковиќ. Се сеќавам имав дискусија со Тони Роуч тааа година на Австралија Опен и тој ме праша кој ќе игра подобро таа година. Не се сеќавам кого избрав, но Тони ми одговори дека Ѓоковиќ ќе победува и тоа ќе биде негова година“, потсети Муратоглу, па продолжи.

„Таа 2011 навистина беше година на Ѓоковиќ, видовме како доминираше. Освои речиси се, го победи Надал не знам ни колку пати, дури и на земјена подлога. Затоа мислам дека 2024 ќе биде на Синер. Секако, за противник ќе го има Новак, но Италијанецот е подготвен за извонредна година и за симнување на Србинот од тронот“, смета Муратоглу.

Останува да ја почекаме 2024 година и да видиме дали овие најави на Муратоглу можат да се остварат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Каков потег: Додека сите протестираат, Модриќ покажа колку е голем!

Бурни се реакциите во шпанската фудбалска јавност по вчерашниот натпревар помеѓу Валенсија…