Холандскиот весник „Де Телеград“ неодамна објави дека еден од најбараните млади фудбалери во светот, Френк Де Јонг од Ајакс договорил трансфер во Пари Сен Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, според она што сега го изјави таткото на фудбалерот Де Јонг се уште не постигнал договор, ниту со ПСЖ, ниту со некој друг клуб.
Ќе потсетиме беше објавено дека младиот 21 годишен фудбалер договорил трансфер од Ајакс во ПСЖ за сума од 75 милиони евра, сума која би го направила најскап фудбалер во историјата на Ајакс и најскапиот Холанѓанец.
„Одлуката е негова. Тој е многу паметен и свесен за ситуацијата во која се наоѓа. Ќе одлучи на пролет. Мислам дека следното лето ќе замине од Ајакс. Според мене шансите за такво нешто да се случи се 95%“, изјави таткото на фудбалерот кој потоа беше запрашан за следната дестинацијата.
„Барселона би можела да биде најдобриот клуб за него“, директно одговори и така веројатно испрати порака до каталонскиот гигант кој во медиумите се поврзуваше со Де Јонг.
https://www.youtube.com/watch?v=6Ix0eDZtlXA