Дома Фудбал Останато Taсевски: Не се чувствувам како Бугарин, јас сум Македонец

Taсевски: Не се чувствувам како Бугарин, јас сум Македонец

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Дарко Тасевски за бугарскиот „Блиц“ зборуваше за повеќе теми, но новинарот го праша и дали се чувствува како Бугарин.

На таквото прашање Тасевски јасно одговори со „не“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не, јас сум Македонец. Тоа е нешто кое никој не може да ми го одземе. Чувствувам дека навивачите тука ме сакаат и јас секако ги почитувам. Секогаш се трудев да бидам една врска помеѓу двата народа. Некои политичари ме поканија да помогнам во подобрување на односите, но не сакам да влегувам во такви води.

Во прашање беа политичари и од Македонија и од Бугариај. Кога политичарите се замешаа стана полошо, односите не беа такви до пред три-четири години и за жал одат на полошо“, изјави Тасевски.

Својата последна кариера Тасевски ја поминува во дресот на Славија Софија, дресот на репрезентацијата на Македонија го носеше на 45 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…