Дома Македонски спорт Дарко Тасевски става крај на играчката кариера

Дарко Тасевски става крај на играчката кариера

Македонскиот фудбалер Дарко Тасевски ќе стави крај на играчката кариера после завршувањето на актуелната сезона, пренесува бугарскиот портал „Мач Телеграф“.

Тасевски во мај ќе наполни 38 години, а за тимот на Славија Софија нема натпревар од ноември. Во последно време имаше чести проблеми со повреди, само што се врати повторно мораше да оди на пауза.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според најавите од Бугарија Тасевски ќе стави крај на играчката кариера и ќе продолжи да работи во младинските категории на Славија Софија како тренер. Дресот на Славија Софија Тасевски го носи од 2019 година, а во кариерата играше уште за Кон Каен, Суфанбури, Бангок Глас, Шамона, Левски, Металург Запорожје, Вардар и Цементарница 55.

Дресот на македонската репрезентација Тасевски го носеше на 45 натпревари, а постигна и еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фонсека незадоволен од тимот: Ако треба и младинците ќе играат

Милан со многу среќа ја совлада Црвена Звезда и дојде до добра позиција кога е во прашање …