Неверојатен гаф се случи на официјалните страници на Арсенал. Иако сè уште нема официјална потврда, клубот по грешка, очигледно, откри доаѓање на нов играч – дефанзивецот на Валенсија, Кристијан Москера. Имено, наместо фотографија на новодојдениот Нони Мадуеке, на страницата накратко се појави слика на Москера во тренинг опрема на Арсенал, очигледно направена за време на воведното интервју во клубскиот камп. …