Палермо се наоѓа во многу незавидна позиција, па ова лето најверојатно ќе остане без своите најдобри фудбалери, меѓу кои и нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски. Последните информации од Апенините говорат дека Несторовски веќе го договорил својот трансфер во Удинезе (ОВДЕ). Сега италијанските медиуми информираат дека наскоро Палермо ќе го напушти и Трајковски, за кого силен интерес покажува Салернитана. …