Дома Фудбал Италија Хаосот во Палермо продолжува: Несторовски и Трајковски останаа без плата!

Хаосот во Палермо продолжува: Несторовски и Трајковски останаа без плата!

Eден од најпознатите италијански клубови Палермо се наоѓа во неверојатен хаос.

Палермо беше исфрлен во Серија Б поради неправилно финансиско работење на неговите сопственици, потоа беше второто по ранг на натпреварување во Италија. Но, тука не се заврши хаосот клубот не го потврди статусто на финансиите во дадениот рок па и следната сезона ќе игра во третата лига.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ситуацијата за македонската јавност во овој клуб е посебно интересна затоа што таму играат Илија Несторовски и Александар Трајковски.

„Целиот град беше измамен, повредени се многу луѓе на кои овој клуб им значи. Ние фудбалерите изразувам солидарност до сите во клубот кои работеа посветено и дадоа се од себе за овој клуб и сега останаа без работа, од администрацијата до луѓето кои се грижат за теренот. Денес и ние, фудбалерите како и сите други го немаме правото на работа. Нашата плата не пристигна“, стои во соопштението на клубот од Сицилија.

Хаосот во Палермо започна кога Зампарини го продаде клубот на инвестиционен фонд. Компанијата „Аркус Нетворк“ го купо минатиот месец, а набрзо потоа се пожали дека бугарски брокер ги измамил. Ако нешто не се промени за брзо време, Палермо за брзо време би можел да прогласи банкрот.

После овие информации станува јасно дека во овој преоден рок Несторовски и Трајковски ќе ја променат средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…