Дома Фудбал Италија Официјално: Проблеми за Несторовски и Трајковски – Палермо исфрлен во Серија Ц

Официјално: Проблеми за Несторовски и Трајковски – Палермо исфрлен во Серија Ц

Фудбалската федерација на Италија денес и официјално соопшти дека фудбалскиот клуб Палермо е исфрлен во Серија Ц.

Клубот од Сицилија кој требаше да игра бараж за влез во Серија А идната сезона, се соочува со неверојатно големи проблеми со тоа да обезбеди парични средства за идната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зампарини пред неколку месеци тврдеше дека нема да дојде до банкрот во клубот и дека со влезот во Серија А евентуално ќе ги пребродат сите кризи, но очигледно дека работите биле целосно надвор од контрола.

Денес стигна официјалната одлука на Федерацијата која соопшти дека поради административни проблеми клубот ќе биде исфрлен во Серија Ц, односно третата италијанска лига.

Сега останува нејасна иднината на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски кои најверојатно ќе добијат исписница и ќе бидат слободни да си бараат нови клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…