Дома Фудбал Поранешен европски шампион сака да потпише со Столе Димитриевски

Поранешен европски шампион сака да потпише со Столе Димитриевски

Столе Димитриевски би можел да направи голем чекор во кариерата ова лето, откако сериозен интерес за негов ангажман покажал францускиот великан Олимпик Марсеј.

Поранешниот европски шампион внимателно ја следи ситуацијата околу искусниот чувар на мрежата, што дополнително ја комплицира задачата на Валенсија да го задржи на „Месталја“.

Димитриевски моментално има договор со шпанскиот клуб до крајот на сезоната, но раководството на Валенсија е подготвено да ја активира опцијата за продолжување на соработката до 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …