Германецот од редовите на Фулам изведе ремек-дело какво што не се гледа често. Екипата на Фулам во рамките од 22-то коло во Премиер лигата му гостува на Барнли и тоа е важен натпревар за гостите во борбата за опстанок. На самиот старт од натпреварот Фулам стигна до предност и тоа преку мајсторијата на поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Андре Шурле.